Aspire Trust е организација за уметност од Велика Британија, посветена на трансформирање на животните приказни на луѓето на креативен начин.

Aspire Trust е организација за уметност од Велика Британија, посветена на трансформирање на животните приказни на луѓето на креативен начин. Ни причинува задоволство да објавиме дека после неодамнешните значителни инвестиции од Советот за уметност на Англија, во моментов планираме да го создадеме „Скапоцени“: врвен културен и образовен настан во англиканската катедрала во Ливерпул, во октомври 2012 година.

„Скапоцени“ ќе претставува инспиративна, мултимедијална театарска продукција со висок квалитет, направена врз основа на приказните од Титаник. Настанот ќе вклучува продукција на настани во живо, медиумски, дигитални и образовни настани, и општествени настани низ Велика Британија и во светот, и ќе се одржи првата недела во октомври 2012-та година.

Продукцијата ќе опфати приказни, филмски снимки, звучни пејзажи, изворна музика и театар во живо, со цел да се оживее патувањето на Титаник и да се истражат приказните на луѓето погодени од трагедијата. Поставена во навистина импресивната театарска сцена на англиканската катедрала, продукцијата ќе биде едно од највизионерските и неодоливите театарски искуства на годината.

Ние развиваме врвна стратегија за интернет-технологија и технологија на игри („Digi-Treasured“) којашто гарантира изненадувачка, иновациска и врвна форма на развој на публиката и нејзино учество, какви што нема во светот. Digi-Treasured ќе им овозможи на потенцијалните учесници да нурнат не само во продукцијата, туку и да учествуваат заедно со уметниците и публиката пред, за време на настанот и по самиот настан, преку уред за виртуелна реалност на интернет. Ова ќе биде од посебен интерес за луѓето кои не се во состојба да присуствуваат на самиот настан поради географските или временските разлики.

Во потрага сме по 12 (дванаесет) меѓународни партнери коишто се заинтересирани за можноста да работат заедно. Партнери може да бидат невладини организации, организации за уметност, училишта, претпријатија за информатичка и комуникациска технологија од приватниот сектор, универзитети: секој што е заинтересиран да учествува виртуелно во еден од најголемите настани за јавен настап во Велика Британија годинава.

Author: drnicko

Awarded an MBE for services to arts-based businesses, I am passionate about generating inspiring, socially engaging, creative practice within educational contexts both nationally and internationally.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

%d bloggers like this: